Порошенко нареди затворање на украинско- руската граница
25.09.2014 12:27
Порошенко оваа неодложна мерка ја донел заради заштита на земјата и јакнење на одбрамбените сили...

Украинскиот претседател Петро Порошенко издаде декрет со кој и наложи на Владата да се подготви за привремено затворање на границата со Русија.
На украинско- руската граница долга 2.300 километри ќе се забранат копнени и прекуморски премини.
Порошенко оваа неодложна мерка ја донел заради заштита на земјата и јакнење на одбрамбените сили.
Американскиот претседател Обама одобрил пет милиони долари воена помош за Украина за справување со сегашната криза.
Според Итар Тас помошта вклучува воена опрема и помош за подготовката на војниците, но не и борбени системи.
