Прилеп

Бројни гости и посетители на „Пивофест“ во Прилеп

18.07.2026 18:36

Прилеп викендов е посакувана летна дестинација. Се одржува 23-тото издание на „Пивофест“. Се очекуваат бројни гости од земјава и странство. На пивофест не му одолеаја ниту политичарите

Прилеп живее со познатата летна манифестација „Пивофест“. Во весела атмосфера со бројни гости, прилепчани го покажаа фестивалското гостопримство. За добредојде-пенлив пијалак и надалеку познат специјалитет-прилепска скара.

Домаќините на гостите од земјава и странство им ветија тридневна забава и незаборавни летни мигови. Ги има и оние кои стигнаа и на фестивалската сцена.

Елизабета Митреска