Безбедност и квалитет на храната
Иако асортиманот на производи е во континуиран пораст-производителите, но и граѓаните ретко ги користат можностите кои ги нудат акредитираните лаборатории за проверка на квалитетот и безбедноста на храната.

Дали храната што секојдневно ја купуваме и консумираме е безбедна? Граѓаните со кои поразговаравме се сомневаат и во квалитетот и во безбедноста на храната. Сметаат дека треба да се прават поголеми контроли и проверки особено во летните месеци кога температурите се високи …
Производителите на храна, но и секој граѓанин индивидуално може да направи проверка на квалитетот и безбедноста на производите кои ги купува за консумација …
Во центарот за јавно здравје Битола функционира акредитирана санитарна микробиолошка и хемиска лабораторија за испитување на храна и вода.
Таа е единствената лабораторија во југозападниот регион. Акредитирана според стандардот 17025. Кој покажува дека лабораториите се технички спремни, со калибрирана и сервисирана опрема, со обучен и квалификувам персонал, кои се придржуваат до принципите на доверливост и непристрасност
Иако на пазарот има огромен асортиман и од година во година се зголемува бројот на производи-во акредитираната лабораторија во ЦЈЗ Битола за десет години, бројот на испитани примероци е намален за 20%.
Александра Максимовска
