ЦУК
Три пожари сè уште активни низ Македонија
18.07.2026 16:37
Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње...

Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње.
Третиот активен пожар е на територија на општина Крива Паланка, во подрачјето на место викано „Думачка Маала“. Таму горат ниска вегетација и багреми.
Од изгаснатите пожари, првиот бил во општина Струмица, на подрачјето на село Просениково, каде опожарено било ѓубре, а вториот бил во регионот на село Старо Нагоричане, каде горела ниска вегетација според информациите од ЦУК.
