Народна Банка

Раст на кредитите во банките и штедилниците

22.07.2026 11:30

Вкупните кредити во банките и штедилниците за една година се зголемиле за 13,1% и сега нивниот вкупен износ надминува 9,6 милијарди евра...

Според податоците што ги објави Народната банка, вкупните депозити во јуни изнесуваат безмалку 11 милијарди евра и споредено со истиот месец лани се зголемени за скоро 10%. Расте и задолжувањето. Вкупните кредити во банките и штедилниците за една година се зголемиле за 13,1% и сега нивниот вкупен износ надминува 9,6 милијарди евра. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се речиси еднакво задолжени.

Населението најмногу подигнува потрошувачки кредити, чиј износ во јуни е 2,45 милијарди евра, како и станбени кредити во вредност од 1,9 милијарди евра.