Политички турбуленции

22.07.2026 10:01

Политички турбуленции во Киев. По големите протести и повеќедневниот притисок од демонстрантите, Зеленски го разреши началникот на Армијата, Олександар Сирски...

Зеленски го разреши генералот Сирски од функцијата врховен командант на вооружените сили на Украина. Одлуката доаѓа само неколку дена по смената на популарниот министер за одбрана Федоров – потег што предизвика масовни протести низ целата земја. На местотo на Сирски е назначен 43-годишниот генерал Михаило Драпати, искусен офицер со значајно борбено искуство и голема поддршка меѓу војниците.

„По серија состаноци со воени генерали и офицери, одлучив Михаило двапати да стане нов врховен командант на вооружените сили на Украина. Сирски испорача резултати за Украина во одбраната на Киев и офанзивата во Харков. Поминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и секој воин мора да биде третиран со достоинство. Благодарен сум му на Сириски и на секој од нашите воини за силните позиции на Украина на фронтот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Драпати вети дека ќе направи се за одбраната на земјата од руската агресија.

„Благодарен сум за довербата да го водам најголемиот и најмоќниот род на украинската војска. Од моја страна, ќе дадам се од себе за да се осигурам дека таа се развива, стекнува нови способности и е подготвена за предизвиците што нè очекуваат во иднина-луѓе, технологија и управувачки процеси“, изјави Михаило Драпати, командант на украинските копнени сили.

Зеленски разговарал со разрешениот министер Федоров и му понудил, како што вели, „достојна лидерска позиција“ во владата. Сè уште не е јасно дали тој ја прифатил понудата и дали најновите потези ќе ги задоволат демонстрантите и ќе донесат мир на улиците. На фронтот и натаму тензично. Двете страни јавуваат за нови напади, жртви и ранети.

Катерина Бојаџиева