Во Собранието седница
Клучните аспекти за македонската евроинтеграција пред Националниот совет. Амбасадорот Рокас порача - владеењето на правото е клучен предуслов...

Брисел од Македонија очекува силна борба против високата корупција и неполитизирани судство и администрација. Евроамбасадорот Рокас побара да се внимава како се пополнуваат испразнетите места во овие области и да се спроведат донесените закони. Тој уште еднаш побара од власта и опозицијата да постигнат консензус за изборниот законик.
И министерот за европски прашања повика на консензус на политичките партии.
Лоши извештаи, како резултат на отворено влијание на власта врз судството, српски свет и Русија, притисок врз медиумите и лагите за загрозеност на македонските идентитет и јазикот – ова според претседателот на националниот совет за евроинтеграции се причините поради кои земјава се оддалечува од патот кон ЕУ. Тој предупреди дека ако Македонија остане изолирана по приемот на другите четири земји, ниту еден млад човек нема да сака да остане во државава, која ќе се соочи и со финансиски предизвици.
Седницата на Националниот совет беше посветена на клучните аспекти за евроинтеграцијата, откако неодамна пропадна обидот да се донесе изборниот законик со консензус на политичките партии паради несогласувањата околу електронското гласање на дијаспората.
Фиљана Кока
