Собранието утре ќе одлучува за предлогот на премиерот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор
Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер во Владата без ресор. Пратениците на утрешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор...

Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер во Владата без ресор. Пратениците на утрешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор.
Предлогот доаѓа по потпишувањето на коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, со што, парламентарното мнозинство се зголемува за уште еден пратеник.
Претходно, од Демократската партија на Турците потврдија дека од коалицијата „Европски фронт“ излегле уште пред една година, пред локалните избори и дека оттогаш делувале како независна партија во собранието и на политичката сцена.
Пред 10 дена, во законодавниот дом беа избрани новите осум министри во владата на Мицкоски, предложени со реконструкцијата.
