Владата ќе ги обесштети сите оние кои се погодени од невремето, најави Мицкоски
Скопје и натаму се справува со последиците од големото невреме. Општините формираа комисии кои треба да ги сумираат штетите од орканската бура, каква што со години не се памети. Градоначалниците очекуваат процесот целосно да заврши за околу три месеци. Премиерот вети дека државата ќе ги обесштети сите кои ќе поднесат документи.

Скопјани ги бројат штетите, општините ja отвораат вратата за пријавување на последиците од силното невреме. Формирани се комисиите за проценка. По координативниот состанок во кризниот штаб, договорено е секоја локална самоуправа да формира тело за пријавување и пребројување, по што, во координација со Владата ќе почне постапката за обештетување.
Очекувањата се целата постапка да се заокружи за три месеци.
Активирана и Општина Центар, како една од најпогодените.
Премиерот Мицкоски со апел до граѓаните да се обратат до комисиите. Тој рече дека владата ќе ги обесштети сите оние кои се погодени од невремето.
Невремето со јачина на орканска бура однесе покриви на згради и државни институции, уништи возила и инфраструктура.
Во справувањето со последиците од невремето низ Скопје се ангажирани повеќе од илјада лица, односно над 50 тимови.
Градските власти најавуваат дека покрај проценката на штетите, ќе се проверува и безбедноста на оштетените покриви, како и стабилноста на дрвјата, особено во Градскиот парк.
Ана Јосифоска
