Илјадници евакуирани поради големите шумски пожари што беснеат во Франција и Шпанија
Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу тензична“ и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската унија и очекува да добие засилување.

Повеќе од 220.000 луѓе се евакуирани поради големите шумски пожари што беснеат во Франција и Шпанија. Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу тензична“ и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската унија и очекува да добие засилување. Драматична ситуација и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат.
Шпанската влада прогласи национална вонредна состојба, а покрај евакуацијата на 25.000 луѓе, на уште 40.000 жители им е наложено да не ги напуштаат своите домови.
