Храната под ризик

25.07.2026 16:56

Епидемијата го промени секојдневието во Гостивар. Пазарите не работат, продажбата на свежа храна е ограничена, а граѓаните сè уште чекаат чиста вода...

Вторник вообичаено е пазарен ден во Гостивар, секој друг ден, распослани на мали тезги низ градот, трговци можело да ги опслужат гостиварци кои не направиле добра проценка и не можеле да го дочекаат вторник.

Но веќе една недела Гостивар не живее со вообичаен ритам. Производи има само во неколку пиљари, оти сега водата со фекалии ја избегнуваат од цевка, но се плашат да не ја внесат преку контаминирани производи.

По кризата со водата довербата тешко се враќа. Граѓаните велат дека се внимателни каде и каква храна купуваат. Сепак цените на производите на овошјето и на зеленчукот се исти како и пред кризата со водата

Гостиварци велат дека повеќе внимаваат на потеклото на овошјето и зеленчукот, го мијат темелно, а дел од нив и лупат пред да го стават на трпеза.

Но иако за мал дел, сепак, навиките тешко умираат, па некои и понатаму остануваат верни на пазарот. Велат дека таму купуваат со години.

Додека купувачите се претпазливи, земјоделците тврдат дека производството не е загрозено.

Продавачите велат дека купувачите се повнимателни од порано и почесто се интересираат за потеклото на производот. Сепак додаваат дека храната мора да се купува и дека засега не забележуваат поголем пад на продажбата.

Во Гостивар денес покрај цената и квалитетот, граѓаните велат дека најважно им е едно – храната што ја носат дома да биде безбедна за нивните семејства.

Ана Јосифоска