Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

26.07.2026 08:40

Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.