Премиерот Мицкоски очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините
Можно е намалување на стапката на ДДВ на горивата почетокот на следниот месец, Владата ќе интервенира доколку продолжат да поскапувањата на нафтените деривати под притисок на кризата на Блискиот Исток...

Сериозна неизвеснот со цените на нафтените деривати. Премиерот Мицкоски очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, по последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, со која малопродажните цени беа зголемени во просек за 4,55 проценти. Власта вели акцизите се анализираат на секои две недели, а новата пресметка ќе биде направена по 31 јули.
Премиерот нагласи дека нафтените деривати се берзански производ и дека сите држави набавуваат од истиот пазар. Но, загрижувачка е ситуацијата со резервите на природен гас во Европа. Првпат на ниско ниво.
Според анализите европските складишта за природен гас во моментов се полни со околу 55 проценти.
Ако ситуацијата ескалира ќе удри и по нашата економија како увозно зависна. Опозицијата иако критикува за заемите тие носат раст и нивните така нереални експерти мора да ги видат реалните бројки. Македонската економија номинално расте со стапка од 8 насто вели Мицкоски.
Мицкоски изјави дека владините мерки за развој и промоција на туризмот почнуваат да даваат резултати. Бројот на странските гости е зголемен за 40 проценти. Македонија е прва по раст на туризмот во Европа, има голем пораст на доаѓањата преку македонските аеродроми, како и зголемување на бројот на странски гости и ноќевањата.
Ана Јосифоска
