Се смирува епидемијата во Гостивар, водата и натаму не е безбедна за пиење
Од кризниот штаб предупредуваат дека водата не е за пиење и за готвење, и оти може да се користи само за техничка употреба.

Се смирува епидемијата во Гостивар. Во последното деноноќие на преглед се јавиле 36 пациенти. Надлежните се и охрабрени, но и внимателни.
Водата и натаму не е безбедна за пиење. И последните резултати се лоши. Во гостиварската вода има опасни бактерии, покажуваат последователните испитувања.
Од кризниот штаб предупредуваат дека водата не е за пиење и за готвење, и оти може да се користи само за техничка употреба.
Целиот случај со водата во Гостивар покажува максимално несериозна импровизација и задоцнета реакција, смета лидерот на СДСМ.
Според Филипче особено загрижува препораката за користење „техничка вода“.
Премиерот Мицкоски завчера од собраниската говорница, пак, укажа дека додека бил Филипче министер за здравство, 400-ни анализи укажале дека во неколку водоводни системи, водата била загадена.
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Обвинителството да ги испита случаите.
