Обновен Музејот на Илинденското востание
Со нови ексклузивни артефакти, по повеќе години, со нов сјај блесна Музејот на Илинденското востание во Крушево, еден од најзначајните во земјава. Открива нови илинденски тајни.

Тој е најзначајниот музеј во Крушево, но и во Македонија. Музејот на Илинденското востание. По години реновирање, третата поставка блесна во нов сјај со ексклузивни над 2.000 артефакти.
Куќата е историска зашто тука е прогласена Крушевската Република, но крие и други тајни кои го смениле текот на историјата.
Артефактите се набавени од повеќе европски земји. Централно место има црешовото топче, симболот на Републиката, на бунтот против подјарменоста.
Куќата е значајна и од преродбенскиот период. Тука престојувале многу револуционери кои успевале да се извлечат кога имало потера од Османлиската власт.
Музејот на Илинденското востание во Крушево раскажува историски, илинденски тајни.
Елизабета Митреска
