МВР

Тројца уапсени при обид да подигнат кредит од 900.000 денари со фалсификувани документи

01.08.2026 12:58

Три лица од Скопје се уапсени откако со фалсификувана лична карта и лажна кредитна документација се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари во банка. Осомничените биле приведени во моментот кога документацијата се процесирала.

Полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал на 29 јули ги лишиле од слобода И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје, поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Според МВР, И.Т., со помош на другите двајца осомничени, со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и фалсификувана кредитна документација се обидел да побара и да подигне кредит во износ од 900.000 денари во една од банките во Скопје.

Тројцата биле приведени во моментот кога во банката се процесирала фалсификуваната документација. По насоки на дежурен јавен обвинител, тие биле изведени пред судија на претходна постапка.