Опасност од пожари
Од денеска, 30-дневна кризна состојба во целата држава, поради зголемената опасност од пожари. Целта е навремено, координирано и ефикасно справување.

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија во траење од 30 дена поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Целта е координирано ангажирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на населението, имотот и природните ресурси.
Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој има задача да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, да направи преглед на човечките и материјално-техничките ресурси и да подготви план за координирано дејствување на надлежните институции.
Состојбата со пожарите генерално е стабилна, оценува раководителот на Кризниот штаб и директор на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот кој од струшката депонија се прошири на вегетација повторно е активен, а во гаснењето ќе се интервенира со два ер-трактори.
Владата ги задолжи сите органи на државната управа да постапуваат согласно прописите за управување со кризи и целосно да ги стават своите капацитети на располагање за интервенции на терен.
Александра Велинова
