Македонија

Високи температури во текот на целата недела, надлежните со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките

03.08.2026 11:13

Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност...

Топлотниот бран ќе продолжи да ја зафаќа Македонија и во текот на оваа седмица, а екстремно високите температури ќе се задржат до крајот на неделата. Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а во одредени делови од земјата ќе надмине и 40 степени целзиусови.

Разладување нема да има ниту во ноќните часови, кога температурите ќе останат високи. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни со децата, повозрасните лица и хронично болните.