Шпанија

Илјадници мигранти и натаму талкаат по улиците на Сеута

07.08.2026 11:36

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција пак, Магнус Брунер, рече дека најголем дел од оние што нелегално пристигнале, веќе се вратени во Мароко.

Околу 6.000 луѓе и натаму се наоѓаат во Сеута, една недела по масовниот прилив на околу 72.000 мигранти од Мароко. Локалните власти предупредуваат на хуманитарни и безбедносни предизвици, додека Европската Унија оценува дека Шенген-зоната останала заштитена и нема извештаи за нелегални преминувања кон континентална Европа.

„Сеута не се врати во нормала. Илјадници луѓе сè уште се тука, центрите за прием се преполни, а жителите се загрижени и исплашени дека ситуацијата може да се повтори“, изјави Хуан Хесус Вивас,  градоначалник на Сеута. 

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција пак, Магнус Брунер, рече дека најголем дел од оние што нелегално пристигнале, веќе се вратени во Мароко. 

„Она што го видовме во сеута беше тест за нашата отпорност и безбедност. Интегритетот на шенген-зоната е зачуван, а најголемиот дел од оние што пристигнаа нелегално се вратија во Мароко“, истакна Брунер.