Македонија

Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе се одржат на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

07.08.2026 13:05

Во Брвеница на 18 октомври ќе се одржат предвремени избори за избор на градоначалник на општината...

Собранискиот спикер Гаши ја потпиша одлуката. Во Брвеница на 18 октомври ќе се одржат предвремени избори за избор на градоначалник на општината. Гаши повика на достоинствена кампања, во која кандидатите ќе се натпреваруваат со програми, идеи и визија, а не да користат говор што поттикнува поделби. Изборите се распишуваат откако на 23 јуни почина градоначалникот Јовица Илиевски.

Во меѓувреме, функцијата в.д. градоначалник ја врши Роберт Милошески.