Временска прогноза

Сончево и многу топло, попладне локален развој на нестабилност

08.08.2026 08:45

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.