Британија се приклучи кон нападите на Исламската држава
Петта ноќ коалицијата под водство на САД интензивно бомбардираат цели на Исламската држава во сириската провинција Хомс. Медиумите јавуваат дека триесетина напади биле извршени во градот Рака.
„Нападите покажаа дека членовите на ИСИЛ нема каде да се засолнат. Цел на нашите напади се командните пунктови, рафинериите, инфраструктурните објекти и тренинг камповите. Во акцијата ќе бидат потребни и копнени сили“, рече Генерал Мартин Демпси.

Курдските борци се обидуваат да го одбранат градот Кобане, на границата со Турција, каде 140 илјади курди побараа засолниште. Ден по одлуката и Британија да се приклучи во нападите, два авиони Торнадо полетаа кон Ирак.