Опасност од пожари

09.08.2026 16:08

Пеколните горештини продолжуваат, а со температурите над 40 степени расте и опасноста од пожари. Противпожарната бригада досега бележи 750 интервенции.

Македонија во портокалова фаза. Живата во термометарот се искачи над четириесеттиот степен, а со тоа се зголеми и опасноста од пожари. 750 интервенции со огнени стихии бележат од Противпожарната бригада досега.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено кога се наоѓаат во природа.

И покрај жешкиот асфалт и пеколни горештини, обврските мора да се завршат, велат граѓаните.

Топлотниот бран продолжува и наредната недела. Од УХМР најавуваат дека во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од Институтот за јавно здравје со препораки-да се побара помош ако се почувствува вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите или пак забрзана срцева работа.

Александра Спировска