„Силно светнал ден“ вечерва во Охрид: Музичко-сценски спектакл за 35 години независност
Охрид вечерва е првата сцена на големиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија. На стадионот „Билјанини извори“, Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи преку музика, театар, поезија и современ сценски израз ќе ја раскажат приказната за земјата. Влезот е слободен, а директниот пренос следете го на МРТ1 од 20:30 часот.

Вечерва од Охрид започнува големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност. Стадионот „Билјанини извори“ ќе стане сцена на која Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи ќе ја раскажат приказната за Македонија низ музика, театар, поезија и современ сценски израз. Влезот е слободен.
Во следните недели перформансот кој е во режија на Дејан Пројковски, ќе патува низ 11 македонски градови. Својата завршница ќе ја има на 4-ти септември во Скопје. Почетокот токму од Охрид носи своја симболика. Град со вековна културна меморија станува почетна точка на современо сценско патување низ приказната на една млада држава низ нејзината музика, литература, луѓе, успеси, загуби, пресврти и генерации.
Директниот пренос од спектаклот следете го на МРТ1 од 20:30 часот.
