Жешкото време влијае врз земјоделските производи
Жештините не го поштедуваат ниту земјоделското производство. Високите температури, недостиг од влага и зголемена потреба од наводнување им создава сериозни проблеми на земјоделците, а последиците се чувствуваат на пазарите. Намален принос, послаб квалитет, побрзо расипување на производите, може да биде и дополнителен притисок врз цените.

Високите температури не го загрозуваат за здравјето на луѓето, туку и земјоделското производство. Топлотниот стрес, потребата од повеќе вода и заштитни препарати, се дополнителен удар врз земјоделците.
Производителите велат дека жештината влијае врз квалитетот, но и врз количината. Покрај намаленото производство, робата ако не се продаде навреме, се расипува и на тезга. Условите се тешки и секој се снаоѓа како знае и умее.
На пазарот, фреквенцијата е поизразена во утринските часови, во потоплите периоди од денот нема ниту купувачи. Дел од тезгите се празни, оние кои ги има, според купувачите се со добар квалитет кој соодветствува со цената.
Агрономите порачуваат-ваквите услови се предупредување дека земјоделството мора да се приспособува на климатските промени кои со текот на годините сè се поизразени.
Александра Максимовска
