УХМР

Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12.08.2026 16:40

Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме, со силен ветер и појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.

Нестабилното време ќе продолжи и во петок, кога повторно се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално и невреме со силен ветер и град. Во текот на викендот времето ќе биде претежно стабилно, со постепен пораст на дневните температури.