балкан

Огнената стихија продолжува да пустоши низ Балканот

13.08.2026 19:00

Европа се соочува со нов топлотен бран и серија пожари, огнената стихија продолжува да пустоши низ Балканот...

Додека Европа се соочува со нов топлотен бран и серија пожари, огнената стихија продолжува да пустоши низ Балканот. Во Црна Гора, пожарот кај Херцег нови се приближи до куќите, а дел од жителите се евакуирани.

Во гаснењето учествуваат авион и хеликоптер, со помош и од Босна и Херцеговина. Пожари беснеат и во Албанија, Србија и Грција, додека во Романија ниското ниво на Дунав доведе до исклучување на вториот реактор во нуклеарната централа „Черна Вода“.