Дигитална трансформација

Македонија напредуваше за 29 места во сајбер-безбедноста

13.08.2026 18:36

Подобрување има во сајбер-политиките, заштитата на личните податоци и борбата против компјутерскиот криминал. Земјава освои 84,17 од можни 100 поени, што претставува скок од 29 позиции во однос на претходното рангирање.

Македонија скокна за 29 места на глобалниот индекс за сајбер-безбедност. Подобрување има во сајбер-политиките, заштитата на личните податоци и борбата против компјутерскиот криминал. Земјава освои 84,17 од можни 100 поени, што претставува скок од 29 позиции во однос на претходното рангирање.

Македонија е рангирана на 30 место меѓу 155 држави и територии, а целосни 100% има во шест од оценуваните области.

Според Министерството за дигитална трансформација, резултатот ја вбројува Македонија меѓу државите со високо ниво на подготвеност за спречување и управување со сајбер-закани и инциденти.

Оттаму додаваат дека подобрувањето се должи на донесувањето на Законот за безбедност и Стратегијата за сајбер-безбедност 2025-2028.

Од Министерството за дигитална трансформација, оценија дека напредокот претставува меѓународна потврда за спроведените реформи во законската рамка и институционалната координација, што значи дека сега се работи на многу повисоко ниво.

Во фокус останува зајакнување на дигиталната отпорност, заштитата на јавните услуги, личните податоци и критичната инфраструктура, како и на подобрување на капацитетите за реакција при сајбер-инциденти.

Борис Грујоски