Ликовна колонија „Ѓуриште 2026“

Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе

15.08.2026 16:30

Во Свети Николе се реализираше меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“. По 21 пат на едно место се собраа и твореа наши и уметници од странство.

Домот на културата Крсте Мисирков“ во Свети Николе по 21 пат беше домаќин на Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште“. Колонијата низ годините стана препознатлив културен настан со кој се збогатува ликовната сцена во градот и пошироко

Учесниците задоволни од престојот во Свети Николе, дружењето и од условите за работа. Велат колонијата не е само можност за создавање нови дела, туку и за споделување на различни уметнички искуства

„Организацијата е на високо ниво. Учесник сум на многу ликовни колонии, имам искуство и можам да кажам дека колонијата е добра што се однесува до организацијата. Со уште еден колега дојдовме од Црна Гора и ова за нас е голема чест и задоволство“, изјави Мирко Драговиќ – Црна Гора.

„По втор пат учествувам на оваа ликовна колонија. Драго ми е што сум овде со другите уметници. Работиме заедно, во различни техники и стилови. Разговараме за нашата култура и уметност и навистина сум среќна што сум овде“, изјави Мехруш Годарзи – Иран.

Делата од ликовната колонија Ѓуриште“ ќе бидат изложени во Домот на културата во Свети Николе на 14 септември, денот на ослободувањето на градот.

Славица Величковска