иран

Жестока реторика за судбината на Ормускиот теснец

15.08.2026 19:30

Техеран остро ги отфрли неговите тврдења и порача дека протокот ќе остане под иранска контрола, а Вашингтон треба да го признае поразот.

Американскиот претседател објави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД. Техеран остро ги отфрли неговите тврдења и порача дека протокот ќе остане под иранска контрола, а Вашингтон треба да го признае поразот.

Трамп призна дека ја користел американската војска „малку повеќе отколку што сакал“, додека повторно тврдеше дека операцијата на САД оди добро.

Во исто време, Исламската Република објави дека сè уште нема донесено одлука за продолжување на разговорите, а пораките испратени преку медијаторите Пакистан и Катар не претставуваат преговори.