Зголемен сообраќаен интензитет низ земјава, најдолго се чека на ГП „Богородица“
Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.

Зголемен сообраќаен интензитет е регистриран на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.
Зголемена фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се чека околу 30 минути при излез од државата, додека најдолго се задржуваат патниците на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува зголемено внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите поради можноста од појава на одрони.
Особена внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ ги повикува сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат начинот на возење на зголемениот сообраќаен интензитет.
