Македонија

34 години во служба на татковината

17.08.2026 12:42

Се одбележува Денот на македонската армија кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата македонска организирана воена единица. Современата македонска армија се темели на стремежите на илинденците и на борците од НОВ – порака од свеченоста во Касарната „Јане Сандански“ во Штип.

По осамостувањето на 8 Септември 1991 година и повлекувањето на тогашната ЈНА, Македонската Армија стана еден од главните столбови на македонската државност и гарант на македонската сувереност. Со пристапувањето кон иницијативата „Партнерство за мир“ нашата армија стана дел од вежбовните активности на НАТО, следуваа „Мировен Орел“, „Брз одговор“, „Блесок“ и други.

Армијата својата вредност не ја покажува само во услови на криза, туку секојдневно преку обука, вежби, учество во меѓународни операции во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина, Либан, Косово, Латвија, Романија и Бугарија.

Армијата постојано се развива, модернизира и се приспособува кон современите предизвици. Развојот на новите технологии, беспилотните системи, електронското војување и потребата од брзо донесување одлуки бараат од војниците постојано учење, беше кажано на свеченоста во Штип.

Славица Величковска