Атланта за малку, Антиќ скромно

24.12.2013 13:36

Недостасуваа секунди за сензација на мечот меѓу Хоукс и Хит, што шампионот сепак на крајот го доби со 121:119. Нашиот интернационалец, имаше незабележителен учинок на ова гостување.

Атланта водеше на 01:40 до крајот на регуларниот дел од мечот со 100:107, но Кралот Џејмс и Реј Ален потсетија на 6-тиот натпревар од последното финале. Двајцата искомбинираа неколку ефикасни напади, за изедначување и за продолжение.

И во дополнителните 5 минути Атланта водеше, но немаше сили до крај да му се спротивстави на двојниот владетел во НБА лигата.

Перо Антиќ одигра вкупно 4 минути, без постигнат поен. Џејмс реализира 38, Реј Ален имаше 19. Кај поразените, се истакнаа  Милсап со 25 поени и 10 скокови и Тиг со 26 поени.

На останатите средби:

Бруклин – Индијана 86:103

Сан Антонио – Торонто 112:99

Орландо – Њујорк 98:103

Хјустон – Далас 104:111

Феникс – ЛА Лејкерс 117:90

Шарлот – Милвоки 111:110 (прод.)

Кливленд – Детроит 92:115

Денвер – Голден Стејт 81:89

Сакраменто – Њу Орлеанс 100:113

Бранко Чупески