Климатски промени

Високите температури се здравствен и економски проблем – најзагрозени работниците на отворено

17.08.2026 14:43

Екстремно високите температури сè повеќе влијаат врз здравјето и продуктивноста, предупредуваат лекарите. Особено изложени се работниците на отворено, земјоделците и лицата со хронични заболувања, а последиците се чувствуваат и во стопанството.

Топлото време станува проблем за сите нас, без разлика дали сме здрави или болни. Климатските промени се повеќе го загрозуваат здравјето на луѓето, особено на оние кои работат на отворено, алармира стручната фела.

Високата температура, додаваат лекарите, не влијае само на физичкото, туку и на менталното здравје. Велат, продуктивноста многу намалена кај работниците изложени на екстремни временски услови. Ако не се преземат мерки, расте и ризикот од нови заболувања.

Топлото време не е само секојдневие, туку и економски проблем, каде губат сите, но најмногу стопанството. Сметките за струја стануваат речиси двојни во месеците каде цело време се пуштени клима-уредите, но тоа и не е така добро за сите граѓани.

Климатските промени сè повеќе го загрозуваат здравјето на работниците кои работат на отворено, затоа мора да се заштитиме.

Топлото време предизвикува проблеми и кај земјоделците, особено оние кои работат без соодветна заштита и редовни здравствени контроли, велат стопанствениците. Бараат построги мерки и прецизна регулатива за работа на отворено.

Покрај жештината, ризик за здравјето е и аерозагадувањето кое придонесува кон респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Борис Грујоски