Образование

Прв уписен рок на УКИМ, над 8.800 места за бруцоши

18.08.2026 19:03

Денеска е првиот уписен рок за запишување студенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за прв циклус на студии во учебната 2026-2027 година.

Денеска е првиот уписен рок за запишување студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за прв циклус на студии во учебната 2026-2027 година. Конечната ранг-листа ќе биде на 27 август.

Вратите за бруцоши ги отвораат 22 факултети. Има места за над 8.800 студенти во прва година, половина во државна квота. Најголем број ќе примаат Медицинскиот, ФИНКИ, Филозофски, ПМФ, Економски. Продеканот за настава Трпчевска се надева дека квотата од 655 студенти ќе биде пополнета уште во првиот уписен рок.

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство очекуваат од 500 до 600 запишани студенти, што е стабилна бројка, вели деканот на ФИНКИ, Ламески.

Околу 2.000 места се намалени во новите уписни квоти, а најголемите кратења се кај струките каде што има повеќе невработени, додека техничките науки и информатиката остануваат со речиси исти квоти. Загрижувачки е фактот што идните студенти уште пред ги почнат студиите веќе одлучиле дека ќе работат вон границите на земјава.

Новата академска година ќе донесе и промени во студентското домување. Целосно реконструирани студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

Александра Спировска