МВР

Банкарски службеник од Гевгелија присвоил речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра

19.08.2026 11:49

Вработен во банка во Гевгелија е осомничен дека во 13 наврати неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил речиси пет милиони денари и 63.350 евра. Против него е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „проневера во службата“.

Според пријавата, во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата.

Тој, без налог од корисниците, неовластено пристапувал до денарските платежни сметки на двајца корисници, со што, според полицијата, предизвикал материјална штета на банката.

За случајот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.