Одложени царини
Одлуката следува по неколкудневни интензивни преговори меѓу двете земји.

САД го одложија воведувањето нови царини за широк спектар на канадски стоки до 21 август, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Оваа одлука на Трамп, дојде помалку од два часа пред да се воведе данок од 50 насто на речиси 20 милијарди долари канадски увоз.
„Ги паузирав царините од 50 насто против Канада за период од три дена, врз основа на фактот дека Канада и САД, во зависност од финализирањето на документите, имаат договор!“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Одлуката за одложување на царините следува по неколкудневни интензивни преговори меѓу двете земји, за кои канадскиот премиер рече дека биле „многу деликатни и интензивни“. Карни оцени дека е постигнат значителен напредок.
„Во текот на последните неколку недели, Канада се вклучи во интензивни разговори со САД за решавање на трговски прашања и обезбедување поголема сигурност и реални придобивки за канадските бизниси, работници, земјоделци и семејства. Постигнат е значителен напредок, иако сè уште има важна работа што треба да се направи. Додека оваа работа е во тек, САД се согласија да ја одложат имплементацијата на нивната царина“, изјави Марк Карни – премиер на Канада.
Предложените царини би се однесувале на млечните производи, алкохол и мебел, или производи што сочинувале околу пет насто од вкупната вредност на минатогодишниот американски увоз од Канада. трговските експерти предупредуваа дека новите царини би можеле да доведат до губење работни места и затворање компании во ранливи сектори.
Катерина Бојаџиева
