Град Скопје

Од 1 септември линијата „37“ се враќа на скопските улици, но со нова траса

19.08.2026 12:13

Според најавата, автобусите од Радишани ќе сообраќаат преку „Радишанска“, „Бутелска“, булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, „Качанички пат“, булеварот „8 Септември“ и „Партизански одреди“, до улицата „Манапо“ во Карпош 3.

Од 1 септември линијата „37“ повторно се враќа на скопските улици, но со нова траса од Радишани до Карпош 3. Автобуската линија ќе ги поврзува Радишани и Бутел со средните училишта во Карпош и со Скопје Сити Мол.

Според најавата, автобусите од Радишани ќе сообраќаат преку „Радишанска“, „Бутелска“, булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, „Качанички пат“, булеварот „8 Септември“ и „Партизански одреди“, до улицата „Манапо“ во Карпош 3.

Линијата ќе сообраќа од понеделник до петок. Од Карпош 3 поаѓањата ќе бидат во 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот, а од Радишани во 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот.

Од Град Скопје најавуваат дека пред стартот на линијата граѓаните ќе бидат информирани за новиот возен ред.