Ник Кирјос привремено суспендиран поради позитивен тест на кокаин
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) соопшти дека Кирјос е под привремена суспензија од 4 август. Австралиецот има право да поднесе жалба на одлуката, но досега не го сторил тоа.

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е привремено суспендиран од тенисот откако бил позитивен на кокаин. Тестирањето било направено на 22 јуни за време на Отвореното првенство на Мајорка, а во примерокот бил пронајден бензоилекгонин, метаболит на кокаинот.
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) соопшти дека Кирјос е под привремена суспензија од 4 август. Австралиецот има право да поднесе жалба на одлуката, но досега не го сторил тоа.
Кирјос преку објава на Инстаграм призна дека направил „огромна грешка“ и порача дека презема „целосна одговорност“ за својата постапка.
Поради суспензијата, 31-годишниот тенисер не смее да настапува, да биде тренер или да присуствува на грендслем-турнирите, сè до завршувањето на постапката пред трибуналот.
Кирјос сезонава одигра само четири меча во сингл, откако во последните години имаше сериозни проблеми со повреди на коленото и зглобот.
Последниот настап го имаше во машки двојки на Вимблдон, каде заедно со Александар Бублик беа елиминирани во првото коло.
