Дезинсекција против комарци во Скопје
Авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 20 и 21 август во раните утрински часови, а терестичната дезинсекција ќе трае од 23 до 26 август, во периодот од 22 до 3 часот. Градот Скопје ги повикува пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите.

Градот Скопје информира дека на 20 и 21 август 2026 година ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот, во раните утрински часови.
Терестичната дезинсекција ќе започне на 23 август и ќе трае до 26 август, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Од Градот Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, таа ќе биде реализирана првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истите временски термини.
Пчеларите се известуваат навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
