Украина

Руски удари врз Киев, Украина со нов министер за одбрана

20.08.2026 08:13

Во услови на засилени борби, Украина спроведува реконструкција во одбранбениот сектор. Парламентот го одобри Евгениј Хмара за нов министер за одбрана, на местото на разрешениот Михајло Федоров кој повика на одржување претседателски избори, по што неговото разрешување предизвика протести.

Нов бран руски напади врз Киев и регионот, има загинати и повредени, а илјадници домови останаа без струја. Во услови на засилени борби, Украина спроведува реконструкција во одбранбениот сектор. Парламентот го одобри Евгениј Хмара за нов министер за одбрана, на местото на разрешениот Михајло Федоров кој повика на одржување претседателски избори, по што неговото разрешување предизвика протести. Соочен со воен и политички притисок, Зеленски од новиот министер очекува да ги зајакне и одбранбените и офанзивните способности, особено пред зимата.

„Главна задача за украинскиот министер за одбрана е правилно да ги постави нашиот одбранбен систем. Тој мора да обезбеди сè што е потребно за одбивање на руските напади, задржување на позициите на фронтот и за нашите активни дејствија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, по украинските напади врз руските рафинерии, Москва се соочува со нов бран недостиг на гориво. Путин призна дека нападите ѝ нанесуваат штета на руската економија и нареди обновување на оштетените складишта.

„Јасно е дека на темпото на економската активност удрија повеќе фактори, како и нападите врз индустриските и инфраструктурните објекти. Овие напади не доведоа до критични последици, но сепак ни нанесуваат штета“, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Московските власти веќе почнаа со рационализирана дистрибуција на горивото и воведуваат квоти за продажба.