Култура

„Као какао“ го затвора 66. „Охридско лето“

20.08.2026 11:39

Мјузиклот е работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.

Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Мјузиклот е работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.

„Као какао“ е љубовна приказна сместена во 70-тите години, која ги следи љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода на една генерација соочена со општествените ограничувања на времето.

Во претставата настапува голем актерски ансамбл, а музичките аранжмани и оркестрацијата се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев и костимографијата на Марија Пупучевска.

Во 40 фестивалски дена, 66. „Охридско лето“ понуди 48 настани со повеќе од 700 уметници од 24 земји, во рамки на музичката, драмската и балетската програма.