Сулејмани: „Охридско лето“ преку уметноста ги поврзува луѓето и културите
„Охридско лето“ повеќе од шест децении ги поврзува различните култури, традиции и уметнички изрази, истакна Сулејмани, додавајќи дека рекордната посетеност е потврда оти публиката ја препознава вредноста на фестивалот.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани синоќа присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Тој оцени дека фестивалот и годинава понудил богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот.
„Охридско лето“ повеќе од шест децении ги поврзува различните култури, традиции и уметнички изрази, истакна Сулејмани, додавајќи дека рекордната посетеност е потврда оти публиката ја препознава вредноста на фестивалот.
Музичката програма беше затворена со настапот на полскиот квартет „Глам“ и американскиот пијанист Стен Брекинриџ. Фестивалот започна со гала-концертот „Љубов“, на кој настапија Ермонела Јахо од Албанија и Чарлс Кастроново од САД, со оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Марко Боеми.
Сулејмани порача дека Министерството за култура и туризам останува партнер и поддршка на фестивалот, со цел да се зачуваат традицијата и уметничкиот квалитет.
66-тото издание на „Охридско лето“ ќе биде затворено вечерва со македонскиот мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски.
