Инфраструктура

Николоски: Над 9,5 милиони евра се инвестираат во инфраструктурата во Прилеп

21.08.2026 16:09

Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски, изврши увид во реализацијата на инфраструктурни проекти во општината.

Министерството за транспорт преку повеќе програми инвестира околу 580 милиони денари во Прилеп, а паралелно продолжува и изградбата на автопатот Прилеп–Битола, информира министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски, изврши увид во реализацијата на инфраструктурни проекти во општината.

Според Николоски, средствата се наменети за изградба на улици, водоводни и канализациски системи, урбан развој, како и за изградба на социјални станови. Околу 1,5 милиони евра се обезбедени преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за изградба на зграда со социјални станови, која треба да биде завршена до крајот на годинава.

Николоски истакна дека изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со добра динамика и најави дека првите целосно завршени километри, со по три ленти во двата правци и помошни патишта, се очекуваат следната година.

Крајниот рок за завршување на автопатот, како што посочи, останува крајот на 2027 година.