Пливање

16 пливачи од осум држави на 39. Охридски пливачки маратон

21.08.2026 13:15

На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Во машка конкуренција ќе има 11 натпреварувачи, а во женска пет.

Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе се натпреваруваат на 39. Охридски пливачки маратон, на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид.

На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Во машка конкуренција ќе има 11 натпреварувачи, а во женска пет.

Стартот е на Свети Наум, а целта на Охридското пристаниште, по традиционалната патека долга 25 километри.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека маратонот има значење што го надминува спортот и претставува важен дел од туристичката и меѓународната промоција на градот.

Преносот од Охридскиот маратон следете го на МРТ1 утре од 15:00 часот.