Епидемија

Бројот на заболени од западнонилска треска се искачи на 43, надлежните ги засилуваат мерките

21.08.2026 17:27

Болеста е потврдена кај уште три лица, првпат и кај жители на скопските општини Центар и Чаир. Здравствените власти ги засилуваат превентивните мерки и најавуваат прскање против комарци на високоризичните локации.

Бројката на заболени со западнонилска треска се искачи на 43. Болеста потврдена кај уште три лица, првпат од скопските општини Центар и Чаир. Вирусот присутен и кај угината птица која ја пријавиле граѓани во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Здравствените власти и градоначалниците од скопските општини во координирана акција ги засилуваат превентивните мерки. Мапирани се високоризичните места.

Комарците не познаваат општини, затоа не може некаде да се прска, а некаде не, рече министерот Клековски, кој од наредната година најави позасилени активности.

Центарот за јавно здравје ги мапираше локациите и ќе го организираат прскањето. Оттаму уверуваат дека средствата против комарците се целосно безбедни за луѓето.

Досега четири лица починаа од вирусот на „Западен Нил“, а првиот случај беше регистриран во мај.

Викторија Милевска