Народна банка
Во јули годишен раст од 8,8% на вкупните депозити и 13,3% на вкупната кредитна поддршка
21.08.2026 18:07
Растот на вкупните депозити во поголем дел е резултат на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.

Во јули годишен раст од 8,8% на депозитите и 13,3% на кредитната активност. Растот на вкупните депозити во поголем дел е резултат на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа зголемување од 13,3%. Според намената, најголем раст кај кредитите на физичките лица е забележан кај станбените и потрошувачките кредити.
