Пожарите не стивнуваат, се интервенира на повеќе од 15 локации
Високите температури, ветерот и сувата вегетација повторно создаваат тешки услови за пожарникарите. Интензивно се гаснат пожарите во повеќе региони низ земјава.

Огнените стихии и денеска предизвик за пожарникарите. Се интервенира на повеќе од 15 места низ земјава. Пожар во мариовскиот регион, Македонски Брод, Општина Студеничани. Интензивно се гасне и пожарот во атарот на селото Никуштак, Општина Липково.
Претседателот на владата Мицкоски рече дека ремонтот на ер-тракторите оваа година бил направен на време и тие биде уште во мај месец на писта подготвени да интервенираат онаму каде има потреба. Оцени дека земјава во споредба со другите од регионот, најдобро се справува со пожарите.
Во меѓувреме МВР упати предупредување да не се летаат дронови поради гаснењето на пожари од воздух. И од Институтот за јавно здравје со препораки за заштита од чадот од пожарите. Апелираат граѓаните каде има пожари да го намалат престојот на отворено, да ги затворат прозорците и да користат заштитни маски доколку мора да излезат. Посебно внимателни да бидат чувствителните групи, каде што се препорачува редовно земање на терапијата и итна медицинска консултација при појава на симптоми.
Ветерот, високите температури и сувата вегетација е комбинација којашто и денеска ги држи пожарникарите на терен, коишто неуморно се справуваат со огнената стихија.
Ана Јосифоска
