11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, осум возеле без дозвола
Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 11 возачи на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило. Осум од нив возеле без возачка дозвола, двајца биле под дејство на алкохол, а еден управувал и покрај активна забрана.

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, осум управувале без возачка дозвола, при што еден бил малолетник. Двајца возачи биле под дејство на алкохол, а еден од нив предизвикал и сообраќајна незгода. Еден возач, пак, управувал возило и покрај активна забрана за управување.
По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана.
