Пензиите растат, инфраструктурните проекти се забрзуваат
Повеќе од 6.800 денари е зголемена просечната старосна пензија во актуелниот владин мандат, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Во исто време, Владата најавува забрзана реализација на капиталните инвестиции, со повеќе од 1.200 активни градилишта низ државата.

За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ. Според пресметката на Владата, просечната старосна пензија во актуелниот владин мандат пораснала за повеќе од 6.800 денари, рече премиерот.
Според Христијан Мицкоски, ако се земе предвид целиот период на претходната влада, во 83 месеци просечната пензија била зголемувана во просек за 91 денар месечно. Во првите 24-25 месеци од актуелната влада, пак, просечното месечно зголемување изнесува 296 денари.
Паралелно, се забрзува изградбата на големиот инфраструктурен проект во Пелагонија.
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола ќе се пушти во употреба на почетокот од 2027 година.
Целата траса од оваа делница, пак, треба да биде завршена до крајот на 2029 година, со по три ленти во двете насоки и изградени помошни патишта.
Претходно, градоначалникот на Прилеп, заедно со премиерот и министерот за транспорт, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Само во последните една две години инвестицискиот циклус во градот надминува 12 милиони евра.
Во моментов, во цела Македонија се реализираат повеќе од 1.200 градилишта како резултат на владините програми, при што парите се насочуваат кон капитални инвестиции во општините.
Борис Грујоски
